Светски познатиот кинематографер Јоргос Арванитис  е вториот лауреат на Златна камера 300 за животно дело на годинешното јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаkи“.

Арванитис е  еден од најважните европски директори на фотографија на сите времиња, чија работа ги обликувала филмските визии на генерации синеасти од целиот свет. Активен и како снимател и како кинематографер уште од шеесетите, Арванитис остварил комерцијален успех во грчката филмска продукција во „ФИНОС филмс“ пред да го започене своето легендарно тандем-партнерство со Тео Ангелопулос, преминувајќи на територијата на уметничкиот филм и преселувајќи се во Франција, неговата втора професионална татковина.

Во текот на речиси шест децении тој осветлил и обликувал слики со исклучителна убавина во повеќе од стотина играни филмови насекаде низ Европа и низ Медитеранот.

Јоргос Арванитис е роден на 22 февруари, 1941, во Дилофо, мало селце во управната единица Фтиотис, Централна Грција.