Во присуство на угледни гости, вчера во Љубљана на одбележување на 15- годишниот јубилеј на Форумот на словенски култури, директорот на Музејот на Република Северна Македонија, Гордан Николов, беше назначен за амбасадор на Форумот на словенските култури од страна на директорката на Форумот, Андреја Рихтер.

Република Северна Македонија е членка на Форумот од самото негово основање, а Гордан Николов во својство на претставник на нашата држава е член на програмскиот колегиум на Форумот и член на жири-комисијата за доделување на наградата „Жива“.

Во рамки на свеченоста беше отворен и 31. Меѓународен музички фестивал Imago Sloveniae.