Музејот на македонската борба за самостојност – Скопје, во соработка со Народниот музеј на Република Црна Гора, организира изложба „Европската мода на црногорскиот двор“ денес (среда), 17 април 20019 година, во 18 часот во холот на музејот.

Станува збор за софистицирана облека на семејството на кралот Никола, кроена од модни креатори во Париз, од крајот на 19 и почетокот на 20 век.