Во присуство на видни личности од политичкиот, културниот и јавниот живот во државата, на 11 октомври (петок), во 12:00 часот во Кристалната сала на  Собранието на Република Северна Македонија   свечено ќе биде  доделена државната награда „11 Октомври“ за 2019 година, .

Државната награда „11 Октомври“  е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.

Согласно одлуката на Одборот за  доделување на  наградата „11 Октомври“  за 2019 година, под претседателство на проф. д-р Драги Ѓоргиев,  наградата за животно дело во областа на науката ќе му биде врачена  на академик Љупчо Коцарев, додека во областа на културата и уметноста на актерот Петар Мирчевски и писателот и ликовен уметник, Димитри Дурацоски.

Државната награда „11 Октомври“ за првпат е доделена во 1959 година.