До 12 ноември трае пријавувањето на Годишните конкурси на Министерството за култура

од admin_kult

Министерството за култура ја потсетува јавноста дека е во тек пријавувањето на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни дејности и области од културата за 2021 година. Конкурсите може да се најдат на веб-локацијата на Министерството за култура www.kultura.gov.mk, а рокот за пријавување е до 12.11.2020 година.

Воедно информираме дека поради пандемијата од КОВИД–19, писарницата во Министерството за култура работи со странки од 9 до 12 часот и од тие причини, се препорачува пријавите за Конкурсите да се достават до Министерството за култура по пошта (ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, 1000 Скопје), со датум на поштенскиот жиг.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе