Честитка по повод 2 Август, Илинден-Денот на Републиката

од admin_kult

Министерството за култура упатува честитка до граѓаните на Република Северна Македонија по повод еден од најзначајните празници, чествувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.

Илинден претставува голем македонски национален празник, кој неосмнено има посебно значење за историјата на македонскиот народ. Не само  заради важните датуми од историјата кога на 2 август 1903 година започнало Илинденското востание, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ, туку овој празик е вечно потсетување на она што го имаме и што го живееме денеска.

Овој празник не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава, и на сите оние кои со своето дело и подвизи трајно се вградиле во овој чин. Овој ден е уште еден повод за благодарност, за тоа што денеска живееме во современа, независна и меѓународно признаена држава, но и потсетување да продложиме во мир и заедништво да ја градиме државата во духот на европските вредности.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе