На 3 октомври во Дижон, Франција ,ENCATC – водечката европска мрежа на универзитети за културни политики и менаџмент во култура, која делува меѓународно, на посебна свечена церемонија ја прогласи д-р Биљана Тануровска-Ќулавковски за победник во 2019 година на наградата за истражување во полето на културна политика и културен менаџмент за нејзината докторска теза „Теорија на институции и културни политики за современи изведувачки практики“ при Универзитетот за уметности во Белград, Факултет за драмски уметности во Србија.

Нејзиното истражување е оценето како најиновативно, но и од огромно значење за едукацијата во полето на културна политика и културен менаџмент, а истото ќе може да се спроведува низ универзитетите ширум светот, но и во кураторските и управувачките практики во уметноста и културата.

Во својот говор Биљана Тануровска- Ќулавковски се заблагодари најпрво до ENCATC 2019 и меѓународното жири на ”Наградата за истражување во полето на културните политики и менаџментот во култура во 2019 година”, изразувајќи посебна благодарност до својата менторка Милена Драгичевиќ-Шешиќ и Министерството за култура на Република Северна Македонија.

На глобалната публика на водечки академици и реномирани истражувачи, креатори на политики, културни оператори и уметници им се придружија претставници од УНЕСКО и француското Министерство за култура.

Меѓународното жири на наградата за истражување во 2019 година се состоеше од експерти од Италија, Колумбија, Франција, Финска, Тајван, САД,

Покрај Биљана Тануровска-Ќулавковски, финалисти за престижното признание беа експерти  за културниот менаџмент и истражување на политиките од  Швајцарија, Финска и од Австралија.

Основана во 2014 година, наградата ENCATC постои со цел стимулирање на академски истражувања од областа на културната политика и менаџментот, за да се истражуваат современите теми и евентуално да се предвидат нови ориентации за културни политики преку компаративно и меѓу културно истражување.