75 години Драмски театар

од admin_kult

Министерката за култура во посета на Драмскиот театар – Скопје, институција која денеска одбележува  75 години од постоењето.

„Дојдов лично да им го честитам јубилејот и да им оддадам признание и почит на сите актери, режисери, сценографи, костимографи, на сите кои ја создадоа, надоградија и одржаа театарската уметност и од овој објект создадоа Храм. Зашто, ова не е обичен објект во Скопје, во Карпош.

Ова е нашиот Драмски. Нека им е честит 75-от роденден.  Ме радува што и во вакви несносливи ковид-услови, кога тетарите, но и целата култура мора да функционира според здравствени протололи, а не според репертоари, вработените се посветија на подобрување на условите во самиот Драмски театар. Полна сум со надеж и со нетрпение, аплаузот да и се врати на уметноста, рече министерката Стефоска.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе