„Преплетувања“, онлајн изложба на професорката Славица Јанешлиева

од admin_kult

Онлајн изложбата „Преплетувања“ на македонската уметница и професорка на Факултетот за ликовни уметности, Славица Јанешлиева ќе биде отворена денеска во 12 часот и истата ќе биде  достапна на сајтот www.slavicajaneslieva.mk.

„Во состојба на ограничена социјализација и забрани за групирање, и покрај големата желба за вистинска „опиплива“ изложба и дружење, од внимателност се одлучив за виртуелно-онлајн претставување на изложбата „Преплетувања“. Често кажувам дека уметниците се хроничари на своето време, па ете… ваквиот тип на изложба ќе сведочи за периодот кој го живееме“, појаснува Јанешлиева.

Изложбата која е поддржана од Министерството за култура, онлајн ќе биде достапна се до 3-ти декември 2020 година.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе