Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

од admin_kult

Од денеска до четврток, 19 – 22 октомври, ќе се одржува манифестацијата „Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Во рамките на оваа манифестација ќе се одбележат 75 години од официјализирањето на современиот македонски јазик, азбука и правопис и ќе се промовираат најновите изданија од Институтот. Исто така, во амфитеатарот на Институтот ќе бидат промовирани книгите: „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ од новинарот на Македонското радио – Радио Скопје Свето Стаменов и „Македонски лингвисти“ од Иван Глигоровски.

На отворањето на манифестацијата за денеска е најавено обраќање на: директорката на Институтот Елена Јованова-Грујовска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски и претседателот Стево Пендаровски.

Во вторник и в среда, по повод отворени денови на Институтот, ќе биде отворена Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)“, на која поздравни обраќања ќе имаат директорката Јованова-Грујовска, претседателката на Меѓународниот организациски одбор на Конференцијата Лидија Тантуровска и премиерот Зоран Заев.

В четврток ќе биде прикажана видеочеститка од научниот кадар на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе