Министерката Стефоска се сретна со бугарскиот амбасадор Ангелов

од admin_kult

Министерката за култура Ирена Стефоска денеска се сретна со амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, Ангел Александров Ангелов.

На средбата беше истакната традиционално добрата соработка во областа на културата меѓу двете земји.

Соговорниците го поздравија функционирањето на културно-информативните центри во Скопје и во Софија и констатираа дека во периодот што следува е потребна поинтензивна културна промоција.

Министерката за култура Стефоска и бугарскиот амбасадор Ангелов се согласни дека добрата соработка во сите дејности од областа на културата ќе продолжи  и во иднина.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе