Изложба на Центарот за култура од Дебар во Призрен, Косово

од admin_kult

Изложба на слики од Адем Сулејманоски и Дритан Боцку ќе биде отворена денеска во 11 часот во амамот Гази Мехмет-паша на Регионалниот центар за културно наследство во Призрен, Косово.

На изложбата ќе бидат претставени вкупно 30 дела, од кои 20 дела изработени со  масло на платно и 10 мозаици изработени со природен камен.

Изложбата ќе ја отворат директорот на Центарот за култура од Дебар, Зинче Мимидиноски, и директорот на Регионалниот центар за културно наследство во Призрен, Косово, Самир Хоџа.

Изложбата, која ќе биде отворена до 22 октомври 2020 година, е дел од Годишната програма за работа на НУ Центар за култура – Дебар за 2020 година.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе