Гала оперски концерт на фестивалот „Есенски музички свечености“

од admin_kult

Во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“, вечер од 20 часот во Националната опера и балет ќе се одржи гала оперски концерт во режија на Дејан Прошев и под диригентство на Иван Еминовиќ. На концертот ќе настапат оперските солисти: Марјан Николовски, Марјан Јованоски, Елена Голомеова, Драган Ампов, Ристе Велков, Билјана Јосифов, Десанка Глигоријевиќ, Наде Талевска Спасовска, Ирена Кавкалевска, Зоран Сотиров и хорот и оркестарот на НОБ. Концертот ќе се одржи според здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19 при одржување јавни настани, а за публиката влезот ќе биде отворен еден час пред почетокот.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе