На последното Генерално собрание на Европската алијанса на композитори и сонграјтери (ECSA–European Composer and Songwriter Alliance) во Брисел, композиторката Јана Андреевска е избрана за потпретседател на комитетот за сериозна музика и за член на Управниот одбор на Алијансата, со мандат од три години.

Изборот во највисоките тела на Европската алијанса на композитори е резултат на нејзиниот долгогодишен успешен ангажман и редовна активност, како и на угледот со кој СОКОМ се стекна како најистакната членка на ЕСЅА од регионот. Со назначувањето на Андреевска, земјава е единствена застапена во Управниот одбор на Алијансата што не е членка на Европската Унија.

Европската алијанса на композитори и сонграјтери ги обединува композиторите во Европа од сите жанрови (сериозна, популарна и филмска), ги брани и промовира правата на музичките автори на национално, европско и на меѓународно ниво.