Државниот секретар во Министерството за култура Валмир Азири вчера присуствуваше на премиерната изведба на претставата „Страст и алчност“ работена по текст на познатиот американски драматург од Јуџин О’Нил, а во изведба на Тетовски Театар.
Претставата „Страст и алчност“ е во режија на Фитим Селими, а настапија актерите Музафер Етеми, Рахим Рамадани, Сабина Мемиши, Јетмир Арифи, и др. Сценографија е на Медина Хоџа, а музика на Премтим Етеми
Државниот секретар Азири потврди дека Министерството за култура и во иднина ќе продолжи со поддршка на активностите на Тетовскиот театар кои се од особено значење за целокупната јавност.