Кумановскиот театар вечерва со почеток во 18:30 часот, премирно ќе ја изведе преставата „Малата сирена“ по мотиви на Ханс Кристијан Андерсен, во режија на Бојана Краљевска. Ова е прва претстава наменета за најмладите во тековната година. Во претставата играат осум актери од театарот Сања Русеска, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска, Никица Јовановски, Дубравка Киселички, Кети Дончевска Илиќ, Жарко Јовановиќ и  Владо Дојчиновски.