По  17 години од претходната обнова, Операта вечерва од 20 часот премиерно ќе ја изведе новата обнова на оперската претстава „Кармен“ на Жорж Бизе, овојпат во режија на Нина Најденова од Бугарија. Во насловната улога, како и во 2002 година, повторно е мецосопранот Ирена Кавкалеска, првенка во Националната опера и балет.

Новата „Кармен“ е седма верзија по првото нејзино поставување на нашата сцена во 1951 година. Ќе настапат солисти, хорот, оркестарот и балетски ансамбл на НОБ. Кореограф е Олга Панго, диригент е  Енрико Довико од Италија, сценографијата е на Елена Иванова од Бугарија, а костимограф е Марија Пупучевска. Последен пат во верзијата на „Кармен“ од 2002 година Кавкалеска настапи пред пет години