Министерката за култура Ирена Стефоска денеска присуствуваше и се обрати на отворањето на темелно обновениот Дом на културата  во Драчево.
„ Задоволство е кога институците од областа на културата како на централно така и на  локално ниво стануваат рамноправни партнери, а потврда за тоа е денешното отворање на темелно обновениот Дом на културата овде во Драчево,   место каде во иднина ќе се реализираат голем број разновидни културни и други содржини“, истакна Стефоска.
Во тој контекст таа ги поздрави залагањата на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и на директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски за несебичната поддршка на проектот преку кој се стимулира културниот развој.
На крајот честитајќи го отворањето на реновираниот Дом на културата, Стефоска подвлече дека пред локалната самоуправа останува предизвикот културата и во иднина да ја добива целосната поддршка, бидејќи таа е она што не обединува и  она што не зближува.