Министерот за култура Хусни Исмаили присуствуваше и на отворањето на 14. „Рома Труба Фест“ на градскиот плоштад во Куманово, истакнувајќи дека Министерството за култура го поддржа и овој фестивал, а за наредната јубилејна година најави поголема поддршка.

„Чест ми е што вечерва сум овде на овој прекрасен дводневен фестивал во кој земаат учество големи домашни и странски имиња. Министерството за култура поддржува многу фестивали и културни настани во државата и го поддржа и овој фестивал но бидејќи наредната година ви е јубилеј ќе се потрудиме нашата поддршка да биде поголема.

На сите учесници на фестивалот им посакувам успешен настап а за Кумановчани се знае дека се добри домаќини и гледајќи ја и енергијата на градоначалникот не се сомневам дека ќе се погрижат гостите да се чувствуваат како дома“, истакна во своето обраќање пред присутните гости, министерот за култура, Исмаили.