Министерката за култура Ирена Стефоска денеска оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република во Република Северна Македонија,  Мирослав Томан.  На средбата соговорниците разговараа за досегашната соработка во областа на културата меѓу двете земји, но и за начините преку кои во наредниот период ќе можe да се интензивира меѓуинституционалната соработка.

На средбата беше посочено дека во изминатите години, во Република Чешка беа реализирани повеќе настани преку кои беше презентирана македонската култура во оваа земја, но и чешката култура беше претставена во нашата земја.