Во организација на ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“ од  денеска до 25 октомври во Скопје ќе се одржи Меѓународна балканска конференција насловена „Состојби и перспективи во музичко – балетското образование“.

На конференцијата на која ќе учествуваат музичко – балетски педагози од Словенија, Хрватска, Србија, Австрија, Англија, Бугарија, Косово и од нашата земја ќе се разгледуваат специфичните практики и прашања од областа на професионалната музичко – балетска едукација.

Меѓународната балканска конференција се реализира со поддршка на Министерството за култура и Министерството за образование и е дел  од активностите на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ за одбележување на 75 годишниот јубилеј од основањето на училиштето.