Во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп утре (20 октомври) ќе биде поставена изложбата на слики „Без наслов“ од уметницата Касиопеја Наумоска. На изложбата, која ќе биде отворена до 2 ноември, ќе бидат изложени 20 дела.

Касиопеја Наумоска реализирала повеќе самостојни и групни изложби во државава, но и надвор од неа. Добитник е на неколку реномирани награди, меѓу кои и: Остенов уметник на годината, наградата за сликарство „Петар Мазев” и други.