Изложба „30 години Ликовна колонија Галичник“ ќе биде отворена вечер од 20 часот во Мултимедијалниот центар Мала станица, на која ќе биде претставен избор на дела од сите изданија на Колонијата.

Делата се од повеќе уметнички техники – од класичните, како масло на платно, склулптура во дрво, метал, колажи, до инсталации, дигитални принтови, фотографии, графички инсталации, видеопроекции, звучни инсталации, интернет-проекти со аугментативна реалност итн.

Селектори на изложбата се д-р Сања Којиќ-Младенов, виш кустос од Музејот на современата уметност од Нови Сад, и Ана Франговска, претседател на Ликовната колонија Галичник.

Ликовната колонија Галичник е основана од Нове Франговски (1939-2017) со цел да воведе специфичен квалитативен сензибилитет во заедничко работење на група интернационални и домашни автори, што овозмои и афирмација на македонската култура и уметност во светот.