Ирена Стефоска – министерка за култура

Ирена Стефоска е родена на 16.9.1967 година во Скопје. Таа е доктор на историски науки и редовен професор во Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Стефоска дипломирала на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје (1991), магистрирала на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (1994) и на Филозофскиот факултет во Белград (2001), а докторирала на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје (2007).

Во периодот од 2016 до август 2020 година беше пратеник во Собранието на РС Македонија каде што претседаваше со Комисијата за култура и со Групата за соработка со грчкиот Парламент.

Добитник е на Фулбрајтовата стипендија, професор истражувач на Универзитетот „Браун“ во САД (2009 – 2010) и на стипендијата на Фондацијата „Роберт Бош“ (Robert Bosch), на програмата „Historical Dialogue and Accountability“ на Универзитетот „Колумбија“ (зимски семестар 2012).  Алумна на Институтот „Георг Екарт“ во Брауншвајг, Германија, водечка институција во светот за истражување на учебници по историја, географија и по мајчин јазик.

Стефоска е член на меѓународната мрежа „Aliance for Historical Dialogue and Accountability“ при Институтот за човекови права на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк од 2012 година. Носител е и учесник на меѓународни и национални проекти и публикации поврзани со феноменот на нациите и национализмите на Балканот со историските и политичките мотиви на Балканот, со наставата по историја и културите во регионот, а во насока на педагогија и култура на мирот.

Остварила истражувачки престои и одржала многубројни предавања на еминентни универзитети во Европа и во САД, меѓу кои: на Хумболтовиот универзитет во Берлин, на Универзитетот во Чикаго, на Универзитетот „Урбана“ – Илиноис, на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк, во Центарот „Вудро Вилсон“ во Вашингтон, на универзитетите во Регенебург, Грац, Белград, Софија и др. Објавувала во земјите од регионот и во странство, а преведувала стручна литература и белетристика од англиски, српски, латински и од бугарски јазик.

Активно се служи со македонскиот (мајчин) јазик, англискиот јазик, грчкиот јазик, бугарскиот јазик, српскиот јазик, хрватскиот јазик и се служи и има пасивно познавање на францускиот јазик.

Седат Сулејмани  заменик-министер за култура на Република Северна Македонија

Седат Сулејмани е роден во 1975 година во Тетово. Дипломирал на Универзитетот „Улудаг“ во Бурса, Турција. Студирал постдипломски студии на Факултетот за општествени науки при УЈИЕ. Во различни периоди, успешно работел во приватниот бизнис-сектор.

Долго време бил вклучен во социокултурни активности, како што се:

Уредник на едукативната радиопрограма на Радио канал „Б“

Основач на НВО за култура, образование и уметност „Калкан“

Фолклорист на „Јени Хајат“

Основач и претседател на НВО за култура, образование и уметност „Призма“

Координатор на проектот „Братството не избира граници“ во соработка со Општина Бајрам-паша, Истанбул, Турција

Координатор на проектот „Ракотворби“ во соработка со Општина Коња, Турција

Има присуствувано на обуката „Меѓународен дијалог“ во Стразбур, Франција

Има присуствувано на обуката „Балканска меѓународна младинска конференција“

Течно зборува албански, македонски и турски јазик

 

Валмир Азири

(државен секретар во Министерството за култура на Република Северна Македонија)

Роден е во 1977 година во Тетово. Дипломирал на Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово, на отсекот графички дизајн. Долго време бил член на Здружението на ликовни уметници, има реализирано самостојни изложби а учествувал и на многу групни изложби и ликовни колонии.
Досегашни поважни активности, дела и функции:
2005 г. е нaзначен за портпарол на Општина Тетово
2008 г. е именуван за директор на Уметничката галерија Тетово
2008 г . автор на самостојната изложба „Рефлексија”
2011 г. е назначен за директор на Театарот во Тетово
2016 г. самостојна изложба „Во почетокот беше зборот”
Активно ги користи албанскиот, македонскиот и англискиот јазик.

Внатрешна организација на Министерството за култура – сектори

 

ДРЖАВНИ СОВЕТНИЦИ
Сектор за следење, развој и логистичка поддршка

1.1.         Одделение за логистичка поддршка

1.2.         Одделение за државни награди

Сектор за дејности од областа на културата и уметноста

2.1.         Одделение за драмска и филмска дејност

2.2.        Одделение за центри на културата, фолклор и музичко-сценска дејност

2.3.        Одделение за визуелни уметности, архитектура и дизајн

2.4.       Одделение за креативни индустрии и интердисциплинарни проекти

Сектор за издавачка дејност (Сектор за книга)

3.1.         Одделение за литература и издавачката дејност

3.2.         Одделение за стратешко планирање, развој, анализи, истражување и унапредување на издавачката дејност во Република Северна Македонија

Сектор за заштита на културното наследство

4.1.         Одделение за библиотечна дејност

4.2.         Одделение за музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство

4.3.         Одделение за недвижно културно наследство и заштита на аудиовизуелни добра

Сектор за меѓународна соработка и соработка со УНЕСКО на Република Северна Македонија

5.1.         Одделение за билатерална соработка

5.2.         Одделение за мултилатерална соработка и соработка со УНЕСКО на Република Северна Македонија

5.3          Одделение за координација на културната соработка со Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа (16+1)

Сектор за европски интеграции

6.1.         Одделение за Креативна Европа на ЕУ – потпрограма Култура

6.2.         Одделение за координирање на ИПА проекти и друг вид странска помош

Сектор за финансиски прашања

7.1.         Одделение за буџетска координација

7.2.         Одделение за буџетска контрола

7.3.         Одделение за сметководство и плаќања

Сектор за општи работи

8.1.         Одделение за административно-имотни и архивски работи

8.2.         Одделение за информатика

Сектор за јавни набавки

9.1.         Одделение за спроведување на јавни набавки

9.2.         Одделение за следење и реализација на доделени договори за јавни набавки

Сектор за инвестициони работи

10.1.       Одделение за следење и реализација на инвестициони објекти

10.2.       Одделение за инвестиции и осигурување

Сектор за нормативно-управни работи и за авторското право и сродните права

11.1.       Одделение за нормативни работи

11.2.       Одделение за управни работи

11.3.       Одделение за авторското право и сродните права

Сектор за управен и инспекциски надзор

12.1.       Одделение за инспекциски надзор

12.2.       Одделение за управен надзор и надзор над наменско користење на буџетски средства

Одделение за внатрешна ревизија
Одделение за стратешко планирање, креирање политики и следење
Одделение за управување со човечки ресурси
Управа за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија

16.1.       Одделение за поттикнување и унапредување на соработката со соседните и европските земји, за меѓународната техничка помош, наменета за негување и унапредување на културниот идентитет на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија и за поддршка на кабинетот на директорот

16.2.       Одделение за афирмирање, унапредување и објавување на културното творештво и за грижа, негување и презентирање на културното наследство на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија

Документи