Со доделување на наградите вчеравечер во Прилеп официјално заврши годинашниот 18. меѓународен карневал „Прочка 2019“ на кој учествуваа околу 600 маски од земјава и од Балканот.

Групната маска „Водици во Прилеп“ на прилепското здружение „Прочкари“ во чија изведба учествуваа 30 членови од ова здружение е избрана за најдобра маска на денешниот карневал „Прочка 2019“ на кој.  Најдобра традициона маска е маската на учесниците од селото Куратица, Охридско, второто место го освоија гостите од Турција, а третото е за Џаламарите од кавадаречки Сопот. Групната маска „Метаморфоза“ на учесниците од Лесковац, Србија е најдобра современа маска на прилепскиот карневал. Второто место е за учениците од прилепското средно училиште „Ѓорче Петров“ кои ја направија маската „Пролетна забава“, а третото е за „Малата сирена“ на прилепското танцово студио „Зодијак“. За најмаска на детскиот карневал пак   беше прогласена маската  „Мадагаскар“на учениците од основното училиште „Блаже Конески“. Одликата на прилепскиот карневал е што маските не се повторуваат, туку секоја година се оригинални и се појавуваат за прв пат.

.